Skip to main content

МТСП: Повик за користење на бесплатна рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот

Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток.

logo
Лого

Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица.

Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години кои се корисници на  посебен додаток. Ќе се опфатат децата кои живеат во биолошки семејства како и тие кои се сместени во згрижувачките семејства.

Диме СпасовВкупно 1.000 лица и истите ќе се стекнат со право на користење на бесплатна рехабилитација и рекреација во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица.

Услугата ќе се користи во смени од по 5 дена (од понеделник до петок), почнувајќи од Ноември 2014 година. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.

Услугата за бесплатна рехабилитација и рекреација ќе опфаќа 5 дневен одмор (5 полни пансиони–ноќевање со три оброка и  ужина) како и рехабилитациско-рекреативни активности. Децата имаат право на еден придружник за време на користењето на услугата (родител/старател/згрижувач). Придружникот исто така има право на 5 полни пансиони.

За лицата ќе се организира Програма со целодневни активности и тоа во насока на подобрување на вештините на грижа за себе, развој и подобрување на способностите, едукација за развој на механизми за контрола на однесувањето, социјализација, развој на перцепција и поттикнување на работни способности на децата, координација на моторика, како и активни вежби и  физикална терапија за периодот за кој ќе престојуваат. Превозот е  обезбеден.

Потребни документи за користење на услугата:

За користење на бесплатната услуга за  рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица,  потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата ќе можат да се поднесуваат до 20.10.2014 година односно до пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на надлежните Центри за социјална работа.

Лицата кои ќе ја користат услугата ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа. 

{loadposition content9}