МВР бара волонтери
Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи.
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1. студенти од областа на правните и безбедносните студии – 25 волонтери;
– во седиштето на Министерството за внатрешни работи – 15 волонтери;
– во Сектор за внатрешни работи Скопје – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Битола – 2 волонтери:
– во Сектор за внатрешни работи Велес – 2 волонтери:
– во Сектор за внатрешни работи Куманово – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Тетово – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Охрид – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Струмица – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Штип – 1 волонтер.
2. студенти – од областа на економските студии – 13 волонтери;
– во седиштето на Министерството за внатрешни работи – 3 волонтери;
– во Сектор за внатрешни работи Скопје – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Битола – 2 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Велес – 2 волонтери:
– во Сектор за внатрешни работи Куманово – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Тетово – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Охрид – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Струмица – 1 волонтер:
– во Сектор за внатрешни работи Штип – 1 волонтер:
3. во седиштето на Министерството за внатрешни работи – 2 волонтери, студенти на електро-технички факултет или природно-математички факултет- информатика.
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
– потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира;
– мотивационо писмо;
– кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 15.06.2014 до 15.09.2014 година, без можност за продолжување на волонтирањето.
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во седиштето на Министерството за внатрешни работи и во Секторот за внатрешни работи – Скопје потребните документи да ги достават во писарницата на Министерството за внатрешни работи (ул .„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје);
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во Секторите за внатрешни работи – Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид, потребните документи да ги достават во писарниците на наведените сектори.
НАПОМЕНА:
– доставувањето може да биде лично или по пошта;
– доставувањето на апликациите на кандидатите за волонтер потребно е да бидат со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи“.
Рокот за доставување на документите е 5 (пет) дена од денот на објавување на повикот.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
{loadposition content9}