©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Меѓународна автобуска станица

МВР : Нема бомба, туку куфер со облека

Куфер кој бабичка го заборавила на Железничката станица во Скопје, причина за евакуација и знак за тревога.
 |  инфодеск  | 
Автобуска станица Скопје

Во кругот на Меѓународната автобуска станица – Транспортен центар е пронајден куфер, оставен во близина на банкомат и нема бомба, како што беше објавено во дел од медиумите, велат од МВР.

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните – изјавија од МВР.

Претходно порталот Плусинфо објави дека вработените во железничката станица добиле анонимна порака од скриен телефонски број дека на Железничката станица е поставена бомба. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а според порталот, евакуирани биле сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top