мвр
МВР: Од 1-ви јануари задолжително регистарски таблички со ознака или налепница НМК
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31-ви декември 2024 година.
| инфодеск | Македонија
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31-ви декември 2024 година.
– Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31-ви декември 2024 година, информираат од МВР.
Од министерството додаваат дека налепници НМК граѓаните може да обезбедат бесплатно во сите станици за технички преглед.