Skip to main content

МВР против ИСИС

Во тек е голема антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи насочена против припадници на џихадистичката организација Исламска држава во земјава, како и против лица кои учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации.

specijalci

Се вршат претреси и апсења во неколку градови.

specijalciДосега во Скопје, eдинициte на МВР презедоа голема акција во населбите Гази Баба, Дижонска и Серава, како и во градовите но и воСтруга и во Куманово, каде се приведени неколку лица, а се уште траат претреси во објекти и во Гостивар и на други места. Влезено е и во придружни објекти на џамија во Скопје, која подолг период наназад беше надвор од контрола на Исламска верска заедница.

Акцијата била преземена за пронаоѓање на учесници во војните во Сирија и Ирак. Полицијата извршила претрес и во џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, за кои добила информации од ИВЗ дека не се контролирани од таа верска институција. Според првичните информации во акцијата е приведен имамот на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, Реџеп Мемиши.

Министерството за внатрешни работи најави повеќе информации во текот на денот.