МЖСПП за прв пат директно ќе ги финансира националните паркови
МЖСПП почнува нова иницијатива за валоризација на Јабланица за да се утврди во кој ранг/категорија ќе биде како заштитено подрачје, кажа на денешниот брифинг со новинари, министерката Каја Шукова. Министерството годинава за прв пат ќе започне со директна поддршка на националните паркови.
-Министерството првпат оваа година ќе пристапи кон директно финансирање на четирите национални паркови кои ги имаме во моментот за да се унапреди нивната работа и да им се помогне, пред се, за да имаат инфраструктура која ќе им овозможи да работат со екосистемски услуги и сечата на дрвата да не им биде главен извор на приходи, истакна Шукова.
Оваа година министерството започнува и со анализа за воспоставување геопаркови во државата. Геопарк во Македонија се уште нема.