Skip to main content

На 42 годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
 |  инфодеск  | 

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Томиќ долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија од 2007 до 2018 година, каде што работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг-индустријата работејќи во секторите за односи со јавност.