СВР Охрид
На автопатот Кичево-Охрид повреден 52-годишен градежен работник од Кина, паднал од дрвена платформа
Од најновиот билтен на СВР Охрид.
| инфодеск | Македонија
На 3-ти јуни 2025 година, во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека 52-годишно лице од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, Општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
– Тој е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информираат од МВР.