Skip to main content

На лицитација запленетиот недвижен имот на Мијалков, на списокот и два стана во Охрид

Понудени на продажба се два стана на ул. Горица во Охрид, од кои едниот со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда проценет на  9.032.505 денари. 
 |  инфодеск  | 
Агенција

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени првите конфискувани недвижнини од Сашо Мијалков. На првото јавно наддавање по електронски пат на продажба се ставени четири недвижнини во вредност од околу 520.000 евра. Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.

Понудени на продажба се два стана на ул. Горица во Охрид, од кои едниот со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда проценет на  9.032.505 денари. 

На продажба е и земјиште кај Морани во Општина Студеничани, со почетна вредност од 17.045.421 денари и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни проценето на 29.686 денари.

Огласот во Целост ТУКА.