Министерство за здравство
Набавена за 50% поголема количина вакцини против сезонски грип
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити во Њујорк оствари средба со директори во Партнерството за меѓународни иницијативи за вакцини (PIVI).
| инфодеск | Македонија
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во рамки на работната посета на Њујорк оствари средба со Џозеф Брези и Аманда Болстер, директори во Партнерството за меѓународни иницијативи за вакцини (PIVI).
На состанокот соговорниците ја поздравија взаемната долгогодишна соработка и говореа за актуелните предизвици и приоритети, со цел унапредување на здравствените услуги, како и за поддршката која Северна Македонија ја добива од PIVI.
Министерството за здравство годинава набави за 50% поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата почнува во средина на октомври.