Skip to main content

Институт за јавно здравје

Над 800 случаи на грип во земјава за една недела

Од ИЈЗ информираат дека во Македонија се пријавени 874 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип за само една недела.
 |  инфодеск  | 
Грип

Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во Македонија се пријавени 874 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела, информираат до Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-тата недела од минатата сезона е зголемен 3,5 пати.

Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.

Пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, четврта недела со ред, односно надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 525 лица се на возраст од 15-64 години, 131 кај лица на возраст над 65 години, 110 се регистрирани кај деца на возраст од 5-14 години и 108 кај деца на возраст од 0-4 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените се најмногу од Струмица – 197, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 10.