Skip to main content

Најмногу слободни работни места има во услужни дејности и продажба

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, според податоците од Државниот завод за статистика.
 |  инфодеск  | 
A customer receives a shopping bag at the store.

Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, според податоците од Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.64 %.