Skip to main content

Најубавиот маж на светот е Македонец

Македонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World.

 |   | 
Stefan
Стефан
StefanМакедонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World.

Од интернационалниот избор „MISTER SEA WORLD 2012“ кој годинава се одржа во Перу, Стефан се врати дома со две титули. Покрај наградата Мистер на светот, во конкуренција од десетина финалисти од целиот свет тој е избран и за „најубаво лице“.

-Имав силна конкуренција затоа што на изборот имаше фини момчиња. Горд сум на оваа титула која и ја посветувам на мојата земја. Сега сигурно знам дека и Перу слушна за Македонија, вели Лошковски.

Инаку 20-годишниот Стефан Лошковски од Скопје е ватерполист во Македонската репрезентација и студент на електро факултетот.

Ова е првпат македонско момче да се закити со титулата најубав маж на светот.



{loadposition content9}