Skip to main content

Влада на РСМ

Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички

Налепници ќе треба да стават возила кои имаат таблици со „МК“ ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи, како сообраќајни дозволи, лиценци и сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица.
 |  инфодеск  | 
Влада

Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, одлучи владата, со цел да ги поштеди граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација..

Владата на последната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со НМК ознака на регистарските таблици, на предлог на МВР. Во служба на граѓаните, со ставањето на овие налепници ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица, а истовремено во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Налепници ќе треба да стават возила кои имаат таблици со „МК“ ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи, како сообраќајни дозволи, лиценци и сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица.

МВР во најскоро време ќе изготви измена на постојниот Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање и граѓаните ќе може со минимални трошоци да ја завршат и оваа граѓанска обврска“,објави министерот Оливер Спасовски.