Skip to main content

Министерство за труд и социјална политика

Намален бројот на жртви од семејно насилство

4.3 % намалување на бројот на евидентирани жртви на семејно насилство е забележано во државава во 2022 во однос на претходната. Но бројките се уште се високи, а жените најчести жртви. Најмногу се пријавува психолошкото и физичко насилство. Исто така големи се бројките на побарани и изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство.
 |  инфодеск  | 
Семејно насилство

Благо намалување на бројот на евидентирани жртви на семејно насилство. За 4.3 % помал број на пријавено насилство во домот во 2022 година во однос на претходната, на територијата на целата држава. Но бројките се се’ уште високи, така според податоците на 30те центри за социјалнa работa во Македонија, најголемиот број од евидентираните жртви се жени додека најголем број од пријавените сторители се мажи, изјави денеска Јованка Тренческа, Министерска за труд и социјална политика.

Споредбено со 2021 година, кога беа евидентирани 1608 жртви постои намалување на бројот за 4.3 %. Во 2022 година евидентирани нови 1543 жртви од кои 1074 се жени, 252 се мажи а 227 се деца. Во делот на сторителите согласно податоците има вкупно 1382 сторители мажи 1268 и 114 жени.“ рече Јованка Тренчевска, Министерката за труд и социјална политика.

Најголем дел од жртвите пријавиле психолошко насилство и тоа 1051, додека 846 пријавиле физичко насилство, 6 жртви пријавиле сексуално, а 25 жртви економско насилство.

Министерката Тренческа напомена дека институциите се грижат за жртвите на семејно насилство отворајќи советувалишта за жртви и сторители и шелтер центри ширум државата.

„Од страна на Центрите за социјална работа до судовите поднесени се 2095 барања за привремени мерки за заштита, а од Судовите изречени се 1823 привремени мерки за заштита. Отворени се советувалишта во сите плански региони, за жртви и за насилници и шелтер центри за сместување на жртви. Во 2022 година, 83 жртви кои се сместени во шелтер центри во државата.“ кажа Министерката Тренчевска.

Најголем број новоевидентирани жртви има во скопскиот регион 530 жртви, и пелагонискиот регион со 241 жртва, а најмалку во северо-источниот регион 60 новоевидентирани жртви во текот на 2022 година.