Намаленa партиципацијата за студирање на државните универзитети
Владата на синоќешната седница одлучи значително да ја намали партиципацијата за студирање на државните универзитети и утврди највисокиот износ за кофинансирање на студиите да биде 400 евра, наместо досегашните 1.200 евра.
Владата на синоќешната седница одлучи значително да ја намали партиципацијата за студирање на државните универзитети и утврди највисокиот износ за кофинансирање на студиите да биде 400 евра, наместо досегашните 1.200 евра.
Министерот за образование и наука Никола Тодоров на прес-конференција ја соопшти одлуката, која следува по барањето на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од петокот за намалување на партиципацијата.
Износот за државната квота е унифициран и е 200 евра годишно за сите факултети, а за дисперзираните студии во редовната квота е 100 евра.
– Во квотата за самофинансирање највисоката сума за студентите ќе биде 400 евра, освен за факултетите кои доставија пониски цени за самофинасирање од оние кои ги утврди Владата, рече Тодоров.
Тој нагласи дека одлуката е соодветна на глобалната економска криза и е во функција на подобрување на студентскиот стандард. Таа се темели на анализа на Владата според која во Македонија партиципацијата е меѓу највисоките во Европа и оти некои студии овде се поскапи од истите во некои западноевропски земји.
– Одлуката ја донесовме согласно со стремежите на Владата за што поголемо вклучување на граѓаните на Македонија во високообразовниот процес и постигнување што повисок процент на вклученост во него, што, пак, директно влијае на подобрување на квалитетот генерално во општеството и на подобрување на економскиот раст и развој, рече ресорниот министер.
Во изминатите години највисок износ за партиципација плаќаа студентите на општа медицина (1.200 евра). Меѓу поскапите студии со кофинансирање беа и информатички технологии (980 евра), Е-бизнис и правни науки (800 евра)…
Одговарајќи на прашање дали драстичното намалување на цените негативно ќе влијае на буџетите на универзитетите, Тодоров рече дека прво треба да се види структурата на приходите кои би биле загрозени.
Според предлог-конкурсот за упис во прва година во академската 2010/2011, на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе има 11.928 слободни места, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола – 4.275, на Државниот универзитет – Тетово 4.465, на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ 5.913 и на Универзитет за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ во Охрид слободни ќе бидат 300 места.
Нови диспезирани студии ќе има на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ -Градежниот факултет ќе има дисперзирани студии во Крива Паланка и Технолошко-металуршкиот факултет ќе има студии по металургија и метални материи во Кавадарци.
{loadposition content9}