Skip to main content

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.

ucenici
ученици

zolticaНајголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години.

Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град Скопје, додека во општина Шуто Оризари трендот се одржува.

За споредба, минатата недела (од 15 до 21 септември) биле регистрирани 24 новозаболени лица, додека според датум на заболување, најголем број на регистрирани случаи на заразна жолтица досега биле регистрирани кон крај на август и почетокот на септември (од 25 до 31 август) и од 01 до 07 септември, кога биле пријавени 28, односно 31 случај. Вкупниот број на заболени со жолтица во епидемијата достигна 199 лица.

Препорачаните санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки продолжуваат од страна на училиштата, градинките, како и од страна на ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, информираат од ЦЈЗ Скопје.

{loadposition content9}