Владата ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто
Владата ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто со цел да спречи значително зголемување на цените, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски по вонредната владина седница.
Со одлуката на Владата, почнувајќи од понеделник на полноќ преку намалувањето на ДДВ цените на горивата нема да претрпат значително зголемување.
Според нивните пресметки, без оваа интервенција во ДДВ, утре Регулаторната комисија за енергетика би донела одлука за зголемување на цената на дизелот од 10,5 денари за литар и тој би се продавал за 102,5 денари по литар. Бензините од 86,5 и 88,5 денари би поскапеле на 93 и 95 денари за литар.
„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.
Владата води разговори со Окта за зголемување на попустот од два денари за литар кој го дава на трговците. Исто така владата донесе одлука за ослободување мазут од државните резерви за да се спречи зголемување на цената електричната енергија.
Според премиерот, намалувањето на даноците е најбрз начин да се ублажи ударот од ценовните шокови и да се спречи нивно прелевање врз цените на храната, транспортот и услугите.
Ќе има засилени контроли на пазарот за да се спречи секој обид за неетичко однесување на ланците во маркетите и ќе продолжиме да ја следиме состојбата, рече Мискоски.