Skip to main content

Наместо фискализација пазарџиите ќе плаќаат паушален данок

Пазарџиите во државава до влезот на Македонија во Европската унија ќе плаќаат данок на паушален приход, чија висина ќе биде дополнително утврдена.

Zoran Stavreski
Зоран Ставрески
Пазарџиите во државава до влезот на Македонија во Европската унија ќе плаќаат данок на паушален приход, чија висина ќе биде дополнително утврдена.

Тоа е одлучено на денешната средба во Владатa на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески со претставници на пазарџиите.

„Владата го прифати барањето на тезгаџиите да плаќаат данок на паушален приход. Со тоа покажа чувство за социјалната положба и проблемите на луѓето кои по приватизацијата ги изгубија своите работни места и сега се на пазарите“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески по завршувањето на средбата.

По влезот на Македонија во ЕУ, додаде Ставрески, ќе се примени решението за целосна фискализација.

pazarОданочувани паушално ќе бидат лицата кои единствено работат на зелените пазари со каква било стока, независно дали се тоа земјоделски производи или текстил, а немаат дуќани. Сите трговци, пак, кои имаат дуќани и истовремено дел од прометот вршат во рамки на пазарот, ќе бидат оданочени согласно нивните дејности во дуќанот каде веќе се фискализирани и ќе треба тој промет да го прикажат.

Според министерот за финансии Трајко Славески, пушалното оданочување се однесува само на физичките лица – трговци кои исклучиво ја обавуваат својата дејност на пазарите.

„Паушално може да биде оданочуван и субјект кој остварува промет до висина на две годишни просечни плати“, објасни Славески.

Изразувајќи задоволство од одлуката на Владата, претставниците на пазарџиите рекоа дека сега практично ќе имаат можност да го легализираат својот бизнис. Тоа, како што нагласија, го барале четири години.

 

 

{loadposition content9}