Skip to main content

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое беше повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ

Смртен исход по новогодишниот инцидент: Почина 2-годишното дете со тешки повреди на мозокот
 |  инфодеск  | 

Утрово на Скопска клиника почина 2-годишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во Скопје, пренесува МИА. Според првичните информации било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум додека со својата мајка гледало огномет.

Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било итно транспортирано на Детската клиника. Лекарите утврдиле тешки повреди на мозокот и состојба директно опасна по живот. Детето било сместено на одделението за интензивна нега, но повредите се покажале како фатални.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.

Претходно министерот за внатрешни работи Тошковски информираше за двегодишното дете, и потврди дека повредата е предизвикана од метален фрагмент.