Skip to main content

Омбудсман

Народниот правобранител отвори бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 година и 08.05.2024 година на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
 |  инфодеск  | 

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денес, четврток (4. април 2024 година) на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Северна Македонија, па се до 8. мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 година и 08.05.2024 година.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните.