Skip to main content

Народна банка

Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги.
 |  инфодеск  | 

Народна банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk.

Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна.

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со коишто располага Народната банка.