Skip to main content

Отворен балкан

Народниот театар од Белград со претставата Жизел гостува во НОБ

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на оркестарот на Националната опера и Балет.
 |  инфодеск  | 
Балет Жизел
image description

Во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија – „Open Balkan Theatre/Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември, со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и Балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац-Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесијас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на оркестарот на Националната опера и Балет.