Skip to main content

Агенцијата за катастар на недвижности

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности

Од особена важност е граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпорност на корупцијата, која го разорува општеството на сите нивоа.
 |  инфодеск  | 

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе го зајакне ангажманот за спречување корупција во институцијата. Од особена важност е граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпорност на корупцијата, која го разорува општеството на сите нивоа.

„Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за интегритетот на институциите и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, која негативно влијае институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со било каква форма на корупција истото да го пријават веднаш“, вели Иван Живковски директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција или евентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, каде во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: prijavikorupcija@katastar.gov.mk или на телефонскиот број 070/288-300. Напоменуваме дека пријавите се анонимни, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.