Не надмина дури и приштинскиот аеродром

Полека но сигурно македонските аеродроми ја губат битката со аеродромите во соседството. Откако ја изгубивме битката со аеродромот во Тирана, сега и аеродромот во Приштина е пред скопскиот и охридскиот аеродром – и по раст на патници и по можност за конекција.
Според најновите статистики, иако Косово не е дел од шенген зоната и на нивните граѓани им треба виза за влез во повеќето држави, аеродромот во Приштина е 4ти брзо растечки аеродром во Европа и бележи раст од 72,1%. Македонските аеродроми се на 16. место и бележат раст од само 18,7%. Аеродромот во Тирана е прв брзо растечки аеродром во Европа, со дури 220,8% зголемување на бројот на летови и патници.


Инаку, денеска се официјализираше почетокот на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно на реконструкцијата на терминалната зграда.
-Предвидена e нова административна зграда со површина од 250 м2, нов канцелариски простор со површина од 120 м2, помошни простории-130 м2, нов наменски простор за обезбедување на аеродромската зграда, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2 000 м2 на двете нивоа, целосно нов сообраќаен режим на постојниот паркинг. Ова ќе биде прво реконструирање на Охридскиот аеродром откако истиот е изграден, зборувам за терминалната зграда. Ќе значи подобри услови за патниците и многу повеќе патници. Очекуваме до март 2026 година да се заврши проектот, посочи Николоски.
Повеќе информации за аеродромите во регионот може да прочитате на линкот.