Skip to main content

УХМР

Не очекува сончев но студен викенд

Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени.
 |  инфодеск  | 

За време на викендот ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност, информира УХМР. Утре температурата ќе се движи од -11 до 7, а задутре од -12 до 8 степени.

Во почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. 

фото: Ѓоко Симјаноски