Skip to main content

Османи: Нема да дозволам да има инсулинска криза

Од денес ќе има инсулин за сите пациенти во целата држава, вели министерот за здравство Бујар Османи. Тврди дека нема да дозволи инсулинската криза да продолжи.

 |  Маја Савиќ  | 
insulin
Инсулин
Bujar OsmaniОд денес ќе има инсулин за сите пациенти во целата држава, вели министерот за здравство Бујар Османи. Тврди дека нема да дозволи инсулинската криза да продолжи.

„Нема да дозволиме поедин дефицит на инсулин во одредени здравствени домови да прерасне во криза. Ние ги направиме сите напори, веќе од денеска има инсулин во сите здравствени домови и во болници, според информациите што јас ги имам“, Бујар Османи, министер за здравство.

Проблемот со недостатокот бил кај директорите на болниците кои парите ги потрошиле за други намени наместо за инсулин, вели Османи.

Министерството ќе направи контроли во сите болници во внатрешноста каде инсулинот не доаѓал на време, инсулинот нема веќе да се набавува преку болниците туку преку клиниката за ендокринологија која според потребите ќе ги распоредува во внатрешноста.

„Отсега па натаму инсулинот ќе се набавува централизирано од една клиника и после ќе се дистрибуира низ целата држава бидејќи се покажа дека 60 постапки за набавка на инсулин имаат временски, прават технички проблеми меѓутоа и во делот на исплатата на долговите на соодветните добавувачи“, додаде Бујар Османи, министер за здравство.

Инсулинската криза во Македонија трае со месеци откако болниците во внатрешноста заглавија во огромни долгови и не можат редовно да го набавуваат лекот. Најкритична состојбата стана во Гостивар, Тетово, Куманово, Кавадарци, каде пациентите се принудени лекот да го купуваат на црно.

Здруженијата на дијабетичарите велат дека ќе почекаат неколку дена да видат дали ветувањата на министерството за редовно снабдување со инсулин ќе се исполнат.
{loadposition content9}