Нема пушење на погреби и задуши
Нема веќе пушење на погреби или парастоси, односно секогаш кога е присутно свештено лице кое извршува служба.
Нема веќе пушење на погреби или парастоси, односно секогаш кога е присутно свештено лице кое извршува служба. Ова важи и покрај фактот што се работи за отворен простор, поповите сметале дека пушењето не е соодветно, пишува весникот Вест.
Со пушење на погреб и задушница се сквернават светите служби и се пропагира зависноста кон пороци, велат свештениците– објавува „Вест“ во денешното издание.
Според весникот оваа одлука веќе стапила на сила, и од неодамна поповите веќе им наредувале на верниците кои се присутни на службата веднаш да ги фрлат цигарите. Поповите дури и велеле дека ако сакаат да ги добијат нивните услуги мора да ги фрлат цигарите. во спротивно тие ќе си заминат без да ја завршат работата.
{loadposition content9}