Празници
Рамазан Бајрам неработен ден
Од министерството за труд и социјална политика им го честитаат празникот на граѓаните
| инфодеск | Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од исламската вероисповед вo Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.