Skip to main content

„Некст Тајм“ не успеаja да се пласираaт во финалето

Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота.

Next Time
Некст Тајм
Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота.

Next TimeОва е втора година по ред како Македонија отпаѓа уште на стартот. Некс тајм со песната „Нешто што ќе остане“, ја поделија минатогодишната судбина на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа.

Во финалето за избор на песната за Евровизија, од првата вечер се пласираа Израел, БиХ, Португалија, Шведска, Исланд, Малта, Азербејџан, Ерменија, Турција, Романија.

Другите десет финалисти ќе бидат избрани утре на втората полуфинална вечер и ќе ги одмерат силите заедно со основачите на Евровизија Германија, Франција, Шпанија и Велика Британија и со земјата домаќин Русија.

Македонија дебитираше на изборот за песната за Евровизија во 1998 година и досега нема забележано некој поголем успех.

Пред Некс тајм, македонски претставници на Евросонгот беа Владо Јаневски, групата XXL, на два пати Каролина Гочева, Тоше Проески, Мартин Вучиќ и триото Тамара, Адријан и Врчак.

 

{loadposition content9}