Министерство за транспорт
Николоски: Отворени се 22 нови авионски рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа
Македонија со 22 нови авиолинии – силен раст на авиосообраќајот и рекорден број патници
| инфодеск | Македонија
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во објава на социјалните мрежи денеска сподели дека аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.
-Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионо, истакна Николоски.
Тој посочи дека во период кој следи ќе продолжат со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот.