Нов Синдикат на новинари
Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.
| Маја Савиќ | Македонија
sindikat
Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.
„Мисијата на Синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси и да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера“, изјави Тамара Чаусидис, новинар.
За новинарите денешниот ден е историски. По 20 години делби и суети, очекуваат обединети во Синдикатот да издејствуваат доследна примена на Законот за работни, односи во сите редакции.
„Во однос на работното време, во однос на слободните денови во текот на неделата, во однос на годишните одмори. Мислам дека тоа е еден корпус на права кои што до овој момент, функционира стихијно“, вели Сефер Тахири, новинар.
„Се надевам дека оваа иницијална каписла, ќе биде масовно прифатена и дека ќе се собереме околу илјада членови и со тоа ќе станеме репрезентативен Синдикат, од кој што ќе се плашат и власт и опозиција и газди“, рече Горан Трпеновски, новинар.
Синдикатот ќе функционира самостојно, без приклонување ниту кон Конфедерацијата, ниту кон Сојузот на синдикати.
{loadposition content9}