Нов сингл на Четкар
Македонскиот гитарист Владимир Четкар во петок ќе го промовира новиот сингл „Heavenly“ со кој се најавува неговиот нов албум.
Македонскиот гитарист Владимир Четкар во петок ќе го промовира новиот сингл „Heavenly“ со кој се најавува неговиот нов албум.
Синглот во прво време ќе биде пуштен само во дигитална продажба и тоа преку iTunes, Amazon, Spotify, Soundclud, CDBaby и т.н., се до промоцијата на новиот албум ова лето кога ќе се најде на носач на звук.
Четкар е во улога на комплетен автор и изведувач на „Heavenly“. Тој е композитор, продуцент, аранжер-оркестратор-диригент, текстописец, вокалист и гитарист на „Heavenly“, песната која како и останатите музички материјали кој ќе се најдат на новиот албум. Снимани се со инструменти во живо без користење на семплови во студиото „Дабвеј“ во Менхетен, Њујорк.
Заедно со синглот ќе биде промовирано и видео каде публиката делумно ќе може да го види процесот на снимањето на „Heavenly“.
{loadposition content9}