Нов софтвер за поефикасна здравствена заштита
Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија.
Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија.
Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години.
„Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.
До имплементацијата на новиот софтвер, процесот на спроведување на превентивни цели кај матичните лекари одземаше многу време поради обемна административна процедура. Со новиот софтер се заменува употребата на досегашните хартиени обрасци. Имено, матичниот лекар за секој пациент досега печатеше 7 хартиени обрасци. Тоа изнесува повеќе од 9 милиони печатени обрасци за две години кај матичните лекари. Со новото софтверско решение ние овозможуваме целосно електронско работење и исфрлање на хартијата од употреба за превентивните цели. Бенефит од ова имаат и матичните лекари, заштедуваат околу 6 милиони денари годишно за тонери, хартија, принтери и сервисирање.