Нова година, нови цени, стари проблеми
На десетина денови сме од дочекот на Новата. Почна да тресе новогодишната еуфорија, но и најавувањата за поскапувања.
| Маја Савиќ | Македонија
зима
На десетина денови сме од дочекот на Новата. Почна да тресе новогодишната еуфорија, но и најавувањата за поскапувања. Секој гледа да си се стокми за дочекот, да си се види со пријателите во некое кафеанче или ресторанче пред заминувањето на тековната година, да си резервира некаде за дочек на Новата. Трошат и оние што имаат и оние што „немаат“. „Па, нели само една вечер се чека Новата?“ Но, ништо не почнува и не завршува со новогодишната ноќ. Треба да мислиме и што потоа. И во јануари одиме на работа, полагаме испити, ни требаат пари за превоз, за оброк на работа…
„Вреди ли да потрошиме еден куп пари само за една вечер?“ Како ќе крпиме откако ќе ја дочекаме? Во 2011-тата ќе влеземе со поскапени горива. Од ноќеска на полноќ поскапеа бензините и горивата за 2,5 денари. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, евросупер БС-95 се продава по 73,50 денари за литар, евросупер БС-98 по 75 денари, а евродизелот по 62 денара за литар. Токму со овие цени ќе влеземе во Новата. Со оглед на растечката цена на нафтата на меѓународните пазари неизвесно е на наредната седница на Регулаторната комисија за енергетика во која насока ќе се коригираат цените на горивата.
{loadposition content9}