Skip to main content

Нова лавина од снег повторно го блокира патот Маврово – Дебар

Големо количество на снег кое се спуштило од Бистра утрово околу 8 часот и 15 минути повторно го блокира магистралниот патен правец на местото каде минатата недела падна голем одрон.

 |  Маја Савиќ  | 
odron
одрон

lavinaГолемо количество на снег кое се спуштило од Бистра утрово околу 8 часот и 15 минути повторно го блокира магистралниот патен правец на местото каде минатата недела падна голем одрон.

Гостиварската дирекција за заштита и спасување инфомира дека количеството на снег е за приближно две третини помало од претходното, но не можат да потврдат кога ќе се расчисти.

– Нашите екипи до доцна синоќа работеа на расчистување на патот од две лавини кои паднаа вчера и на отварање на алтернативен пат. Сегашната сосотојба е таква што не можеме да дадеме прецизна информација колку време ќе биде потребно за повторно пробивање, изјави Десо Матески, од дирекцијата за заштитата и спасување.

Екипите од теренот информираат за помали одрони од карпи што го прават небезбеден сообраќајот по долината на реката Радика.




{loadposition content}