Skip to main content

Нова програма и практичен испит за идните туристички водичи

Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел.

legitimacija
легитимација

Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел.

Досегашната практика на полагање за добивање лиценца за туристички водич не предвидуваше полагање на практичен дел, односно кандидатите полагаа само теорија.

Спиро Ристовски„Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот на нашата и воопшто за секоја земја. Од квалитетот на нивната презентација, зависи дали странските посетители ќе си заминат дома со пријатни впечатоци и реална претстава за земјата која ја посетиле. Оттаму професијата туристички водич се наметнува како професија од посебен интерес за државата“, рече  Спиро Ристовски.

Тој потенцираше дека е суштинско тоа што ревидираните наставни програми се подготвени во согласност во европската рамка за туристички водичи. Тоа значи дека македонските туристички водичи ќе можат активно да работат во земјите од Европската Унија, што досега не беше случај.
Испитот ќе се полага пред стручна комисија  , ќе чини 15 000 денари ,  а првиот уписен рок е во јуни .

{loadposition content9}