Нова средба во Брисел за решавање на политичката криза
ЕК со закана за одземање на препораката за пристапни преговори
Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.
Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли.
Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година.
Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор дека е можно да биде одземена препораката за почеток на пристапните преговори со ЕУ, препорака што Македонија ја добива веќе шест години по ред.