©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Институт за јавно здравје

Нови 168 случаи на ковид 19

Во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид 19, информира Министерството за здравство.
 |  инфодеск  | 
Ковид пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид 19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти : Скопје – 59, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Инаку, досега во земјата се направени вкупно 2.079.613 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.708, бројот на оздравени пациенти е 303.738, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 648.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top