Министерство за здравство
Нови 473 случаи на ковид 19
Направени се 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на ковид 19, информираат од Министерството за здравство.
| инфодеск | Македонија
Во изминатото деноноќие се регистрирани 473 нови случаи на коронавирус, а тројца луѓе починале, двајца од нив во болнички, а еден во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Од новите случаи, 204 се во Скопје, во Битола 37, Охрид 31, Куманово 21, Струмица 20, Кавадарци – 17, Прилеп 16.
Од вкупниот број на позитивни (472), регистрирани се 114 реинфекции. Направени се вкупно 1.131 тестирања.
Регистрирани сe 513 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 3.440.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројката на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440.