Министерство за здравство

Нови 96 случаи на ковид во земјава

Направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.
 |  инфодеск  | 
Ковид тест

Во последните 24 часа регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 од направени 729 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Во Скопје има 55 нови случаи, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Има уште двајца починати од Регистарот на Мој термин за починати од ковид.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top