Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Нови цени на горивата

Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде поскап за 1,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС 98 за два денари. Дизелот поевтинува за половина денар.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 04.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Од 08.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,995 (денари/килограм)