Skip to main content

Нови пониски цени за уште 352 лека

Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија  речиси за сите заболувања.

Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија  речиси за сите заболувања.

Вкупната годишна заштеда за граѓаните и здравствените установи изнесува 3,2 милиони евра. Генеричките лекови во просек се намалени за 18 проценти, а оригиналните и иновативните за 6 отсто. Некои медикаменти се поевтини и за 5000 денари.

tableti– Најголемо намалување се јавува кај следните генерики: Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата изнесува – 3.004,98, а разликата во цена изнесува-5.445,03 денари), вели Никола Тодоров, министер за здравство.

По пониска цена во аптека може да се купат и некои од најпрепишуваните лекови според Мој термин.

– Генериката Lisinopril од 20 mg, од месец септември 2013, до март 2014 била препишана 385,301 пати од страна на матичните лекари, односно заштедата за 6 месеци би изнесувала 73,800 евра, додава Тодоров.

За две години ова е 5-то намалување на лековите. Корекција на цената се прави двапати годишно во март и октомври по пример на 12 референтни земји. Досега поевтинија над 3000 лекови, некои еднаш некои неколку пати. Заштедата изнесува над 30 милиони евра.

{loadposition content9}