Медиумите во Македонија се изложени на политички влијанија, вели евроамбасадорот Ерван Фуере
Македонија на меѓународните ранг листи забележува пад во оценките за слободата на говорот.
новинари

Последно, минатиот месец на ранг листата на „Репортери без граници“ земјава забележа пад за шест места споредено со минатата година. Негативни забелешки за слободата на медиумите регистираше во својот последен извештај и Европската Комисија. Медиумите во Македонија се изложени на значајни политички влијанија и од оваа ситуација мора да се излезе, е пораката која ја упатува евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере:
„Ова е многу реален и сериозен проблем и извештајот на Европската Комисија беше многу јасен и во него се наведува дека медиуми се исложени на значајни политички влијанија. Електронските медиуми се многу концентрирани во приватни телевизии кои имаат врски со политичките партии. Многу е важно да се направат напори за да се засилат и да се постигнат независни медиуми, но секако дека примерот мора да дојде од раководството, владата и од сите политички партии кои ја креираат независноста на медиумите.“
Во услови на лоша финансиска состојба во која се наоѓаат македонските медиуми власта е најголем огласувач, а средствата кои се одвојуваат за кампањите се чуваат во тајност, потенцира и дел од стручната јавност. На овој пример, видливо е влијанието на политичките партии врз медиумите, во услови кога претставуваат речиси главен извор за нивна егзистенција.

{loadposition content9}