Новинари од Алзас и Стразбур да ја посетат Македонија
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, оствари работен состанок со Жак Шлев, претседател на Асоцијацијата Алзас-Македонија (АЛМА) со седиште во Стразбур.
Наредните чекори се во насока на унапредување на условите за туризам во земјава, особено за малите приватни туристички капацитети и промоција на регионов. АППТ даде отворена покана за организација на информативно патување за новинари од регионот на Алзас и Стразбур во месец септември. Одлична можност за промовирање на македонските дестинации и зголемување на бројот на гости од Франција и Швајцарија – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Асоцијацијата Алзас повеќе од десет години споделува искуства во користењето на европските фондови, дава поддршка во економијата, конкурентноста, производство и извоз на вино и иновации.