Skip to main content

Во тетовско Ново Село запленето оружје, тројца приведени

Полицијата синоќа при акција во тетовско Ново Село заплени поголемо количество оружје, муниција и експлозив и приведе најмалку три лица.

 |  Маја Савиќ  | 
oruzje
оружје

oruzjeПолицијата синоќа при акција во тетовско Ново Село заплени поголемо количество оружје, муниција и експлозив и приведе најмалку три лица.

Акција за откривање нелегално оружје во тетовско Ново Село, кое се наоѓа покрај автопатот Скопје – Тетово, во близина на месноста Карпалак започна доцна синоќа. Полицијата вршела претрес во неколку куќи во селото во потрага по лица за кои се сомневаат дека биле дел од криминални активности и шверц на оружје.

policija

Засега нема официјална потврда дека уапсените се дел од групата на Харун Алиу кој беше убиен на патот за скопското село Радуша додека во комбе превезувал поголема количина оружје.

Градоначалникот на општина Желино, Фатмир Изаири, потврди дека во Ново Село имало полициска акција, но незнаше за исходот на претресите и кои биле причините за оваа акција. Полициски извори тврдат дека во синоќешната акција немало престрелки.
{loadposition content9}