Новогодишни попусти-што е тоа?!
Во пресрет на новогодишните празници повеќето трговци ги спуштија цените и за 50 проценти, но само за да ги расчистат резервите на старите колекции облека.
| Маја Савиќ | Македонија
попуст
Во пресрет на новогодишните празници повеќето трговци ги спуштија цените и за 50 проценти, но само за да ги расчистат резервите на старите колекции облека. Вистински попусти, какви што има по светските метрополи, каде што по половина цена може да се купи облека од познати марки произведена пред неколку месеци, за нашите продавници е непозната категорија. Многумина, пак, токму во Нова година гледаат можност нешто да заработат, така што воопшто не размислуваат да ги намалат цените пред празниците.
Секој дуќан воведува различни попусти на облеката што ја продава од 10 проценти, па нагоре, но тоа е вообичаено за есенската гардероба за која промоцијата се уште трае. Во продавниците за спортска облека се уште нема попуст на производите, а оттаму велат дека планираат вакви попусти од понеделник. Во продавниците за апарати за домаќинство, за компјутери и за телевизори велат дека почесто организираат попусти, така што тие не се специјални за Нова година. Во трговијата со храна, тоа што е изненадувачки за периодот пред Нова година, се намалените цените на одделни видови чоколада. Постојат и многубројни акции во кои се нудат гратис производи во пакет со некој купен производ. Но, и покрај сите попусти, трговците се жалат дека сега народот многу помалку троши и затоа постојано мора да најдат начин како да ги привлечат купувачите.
{loadposition content9}