Нуклеарна централа во Mакедонија, да или не?
Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава.
нуклеарна централа
Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава.
Преку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција.
Дали Македонија да го надополни енергетскиот систем со атомска централа став веќе изградија академиците од МАНУ кои што ја подготвуваат енергетската стратегија. Професорите во стратегијата препорачуваат нуклеарка да се изгради по 2025 година на локацијата кај Мариовско. Централата би се изградила во комбинација со „Чебрен“ и според академиците таа ќе има огромна флексибилност ќе произведува од 300 до 1300 мегавати. Доколку се земе во предвид еколошкиот аспект академиците не негираат дека е подобро да не се гради нуклеарката. Во соседството ваков објект гради Бугарија, нуклеарката „Белене“, откако претходно се затвори „Козлодуј“. Македонија станува се повеќе увозно зависна од струја, а според анализите потребата од струја во регионот во наредните години ќе се зголеми за нови 20 гигавати.

{loadposition content9}