Skip to main content

Министерство за образование и наука

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година

Во средните школи во Охрид ќе се запишат вкупно 783 средношколци.
 |  инфодеск  | 

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Целосниот оглас е објавен на линкот.

Ќе има две пријавувања, во јунскиот уписен рок на 14 до 17 јуни и едно во августовскиот на 21 август. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување на учениците во прва година, утврдениот минимум број поени за пријавување, потребната документација која учениците ќе треба да ја достават во избраното средно училиште по успешното електронско пријавување, како и насоки за  спроведување на конкурсот.

Во средните школи во Охрид има место за вкупно 783 средношколци, од кои 204 ќе се запишат во гимназијата ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид има место за 286 ученици, а 143 ученици ќе се запишат во СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид. Во РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид ќе се запишат 150 ученици.