Skip to main content

Временска прогноза

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Како што соопшти УХМР, денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта.
 |  инфодеск  | 
Врнежи од дожд

Утрово температурите во земјава беа над нулата. Во Охрид и Крушево се регистрирани 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.

За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожарање од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.